Тешка железничката несреќа во близина на Куманово

Тешка железничка несреќа во близина на Куманово, 11 вагони од товарен воз се излизгаа од шините синоќа околу 1:50 минути на влезот на кумановското село Черкезе.

За среќа повредени во оваа железничка несреќа нема, причинета е само поголема материјална штета. Колку дена железничкиот сообраќај ќе биде во прекин се уште не се знае.

Од Владата најавија дека ќе сторат се што е во нивна моќ што побрзо да се санира штетата на овој дел од пругата и железничкиот сообраќај повторно ќе започне. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјавија дека најголема среќа во оваа несреќа е што нема повредени или загинати.

-Ние како Влада ќе направиме што е во наша моќ да пред се прво колку што е можно побрзо да се заврши увидот, се надеваме дека тоа ќе биде во текот на денот и ноќта, а од утре да почне веќе санацијата на колосекот, за да може да се воспостави повторно транспортниот правец север- југ, изјави Анѓушев.

-Од наша страна, тоа го кажавме со вицепремиерот ќе застанаме комплетно колку што може ова побрзо да се санира и да се воспостави железничкиот сообраќај во овој крај, Јанакиески.

Инаку токму за коридорот на 10 во 2012-та година бил потпишан договор за реконструкција, делот од Табановци до Куманово е реконструиран, а како што кажа директорот на Македонски Железници Инфраструктура, делот од Куманово до Скопје, имал само делумна реализација.

-Во 2012 година ние потпишавме договор за реконструкција на 60 километри на Коридор 10. Еден од тој дел што е реконструиран е делот Табановци- Куманово, па од Куманово до Скопје имаме делумна реализација и нивелизација на постоечката пруга.

Како можна причина за излизгувањето на товарниот воз кој се обраќал од Скопје кон Табановци, Асани ја спомена неправилното товарење на возот.

Матеја Петровски