Тешка сообраќајна незгода на патот Охрид – Св.Наум, едно лице го загуби животот

На 16.08.2020 година во 01,40 часот, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила: „цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, „голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре. Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св.Еразмо“ им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило:  М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Општа болница Охрид, каде биле пренесени, и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Сопатничката во истото возило Д.Р.(25) од Скопје, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и Б.Р.(23) од Охрид, сопатник во возилото „голф“, додека по укажаната лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „голф“ А.А. и сопатникот Б.К.(24) од Охрид. На местото на незгодата увид извршија Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

Advertisements