Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, едно лице почина на местото на несреќата


На 30.09.2020 во 19.20 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„Христофер Жефаровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале работна машина за сечење дрва, управувана од С.С.(65) од Скопје и мотоцикл „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управуван од Р.Ш.(29) од Скопје. На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста