Терористички напад во Анкара: Четворица загинати, 14 повредени
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористички напад во областа Кахраманказан во Анкара. Тој рече дека нападот е извршен врз компанијата „Turkish Aerospace Industries Inc“ (ТУСАШ), фабрика за авиони, многу важно место за одбраната на Турција.
„Двајцата терористи се неутрализирани. За жал, во нападот имавме четири жртви и 14 ранети“, објави министерот и го осуди овој грозоморен напад.