Терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје

Од Град Скопје известуаат дека Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 17.08.2020 год. (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 21.08.2020 год. (петок), во периодот од 21:00 до 03:00 часот наредниот ден.Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 19.08.2020 год. (среда) во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Advertisements