Тензија меѓу работодавачите и синдикатите- Мизрахи уверува проблемите може да се надминат
Работодавачите контра предлогот на вицепремиерката Мила Царовска.. Сметаат дека недела не треба да биде прогласен за неработен ден туку да остане сегашното решение со кое се утврдува еден ден во неделата да биде слободен за работниците . Предупредуваат македонската економија неможела да си го дозволи тоа, бидејќи ќе трпело производството. Несогласувања има и за предлогот – рокот на договорите на определено време да се скрати од 5 на една година. Предлогот на работодавачите е догворите да траат до 3 години ама да бил ограничен бројот на работници кои ќе имаат вакви договори. Проблемите денеска и ги пренесоа на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи на социјално економскиот совет.
Синдикатот пак непопушта . Бараат догворите на определено да бидат до една година, освен недела и сабота да биде прогласен за неработен ден, а работната недела законски да трае 38 часа.
Од СОНК и денеска не испуштија да објаснат со какви проблеми ќе се соочат просветните работници ако ректорите на УКИМ формираат паралелен синдикат . Неделков вели дека ќе достават достават тужба до обвинителството против одредени лица, раководители на универзитети за овие како што кажа незакоски постапки.
Министерката Мизрахи која претседаваше со Советот вели дека на состанокот наишле на блага тензија меѓу синдикатите и работодавачите, но се надева дека низ разговор и компромис недоразбирањата можат да се надминат.
Елена Марковска