Тензии на турско-грчката граница, Орбан предупреди 130.000 мигранти влегоа на грчка територија

Сто триесет илјади мигранти веќе ја поминале турско – грчката граница и мора да бидат запрени колку што е можно побрзо, пред да влезат во другите земји, предупреди денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на пресконференцијата со другите премиери на земјите од вишегратската група. Тој упати апел дека неопходно е да им се даде помош на Македонија и Србија.

– Нема да биде доволно да се одбрани грчко-турската граница и мора да бидат запрени колку што е можно појужно. Доколку мигрантите ги преминат границите на тие земји, Унгарија ќе ја формира последната бариера. Како последно средство, ние ќе ја браниме надворешната граница на Европа, истакна Виктор Орбан, премиер на Унгарија.

Во меѓувреме ситуацијата на грчко турската граница и понатаму е напната. Според пишувањата на грчките медиуми во пограничната населба Кастанија во Еврос бил употребен солзавец, за што грчката страна како виновници ги посочува турските полицајци.

Опасноста од новиот мигрантски бран има глобална безбедносна закана, бидејќи овие лица доаѓаат од воени жаришта, предупредуваат и познавачите на безедносните прилики. Самиот факт што ова е вртора генерација мигранти веќе имааат логистика и поддршка од првата генерација која влезе во Европа со мигрантската криза од пред 5 години.

– Состојбата е покомлицирана од 2015 и 2016 година бидејќи ако анализираме суштински мигрантскиот бран предизвика сериозни политички поместувања во Европа, сегашните политички сили не се расположени за примање нови мигранти, вели Милан Стефановски, аналитичар.

Балканската рута за мигрантите е веќе маркирана и набезбедна посочуваат познавачите, па прашање на време е кога притисокот ќе дојде на нашата јужна граница. Иако властите во Македонија засега смируваат дека ние сме подготвени за новиот бран бегалци, треба да се има и план Б за евентуално запирање на бегалците и опасноста тие да останат во меѓузона. Макеоднија може да реагира доколку е земја транзит но не и прифатилиште за мигрантите.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста