Тензии и проблеми во СДСМ: Миле Зечевиќ го отсрани Шилегов од партиска чет група

Тензии и проблеми во СДСМ: Миле Зечевиќ го отсрани Шилегов од партиска чет група

Врие во СДСМ, ескалираат внатрепартиските кавги и проблеми. Се уште генералниот секретар Миле Зечевиќ го отстранил од партиска група поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Токму тој ова го објави на Фејсбук, порачувајќи дека тек ќе следат отстранувања кај социјалдемократите.  

-Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар … Допрва следи “римув” …., напиша Шилегов.

Внатрепартиските проблеми во СДСМ не се тајна подолго време. Незадоволството за случувањата во партијата јавно го изразија и оние кои беа аспиранти за лидер на партијата. Вечерта по изборот на Венко Филипче за нов претседател, Јован Деспотовски кажа дека состојбата во СДСМ е загрижувачка, што се покажало и со тоа што на внатрепартиските избори гласаа само 12 илјади членови.

-Малце е без везе да збориме после Венко, ама океј, ајде. И како другар се радувам за Венко, зошто ми е другар, ама не се радувам за СДСМ. И зградава е празна денеска и не е океј и тоа треба многу да каже за сите нас овде, изјави Деспотовски.

Дека партијата била заробена кажа и Славјанка Петровска, која на два дена пред партиските избори се повлече од трката за нов претседател на СДСМ.

-Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија, напиша Петровска.

За случувањата во СДСМ говореше и поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев. Изразувајќи го незадоволството што не беше ставен на пратеничките листи, сепак порача дека секогаш ќе бидел верен на партијата.

-Јас сум тука и во добро и во лошо. И ќе останам! Одиме на двојна победа! Да живее СДСМ, да живее Македонија!, напиша Богоев.

Незадолство од состојбата со СДСМ со години изразува и Софија Куновска, поранешната шефица на скопската организација на СДСМ.

-И затоа денес СДСМ е со 150.000 гласови доверба и историски дебакл. Сметките на голем дел функционери се дебели, а надежта на граѓаните многу тенка. СДСМ оди по пат од кој нема враќање, а тоа не е добро не само за СДСМ, туку пред се за државата, напиша Куновска.

Проблемите меѓу Шилегов и Зечевиќ не се ништо ново. Пред неколку месеци кога Данела Арсовска си ја промовираше партијата Нова алтернатива, генералниот секретар беше гостин. Тогаш Шилегов реагираше дека таков политички субјект, не заслужува присуство на толку висок партиски функционер.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )