Тензична расправа во Анкетната Комисија за онкологија – опозицијата го впери прстот кон Филипче

Тензична расправа во Анкетната Комисија за онкологија – опозицијата го впери прстот кон Филипче

Почна „чешлањето“ на документација за случајот Онкологија во собранието. Тензичен беше старотот на седницата на Анкетната комисија, кога власта и опозицијата расправаа за одговорноста. Според пратеникот Антонио Молошоски, „примарната политичка одговорност”  за злоупотреби на клиниката ја носи поранешниот министер за здравство Венко Филипче.Toj увидел спротивставени сведочења, зашто Филипче во излагање на 17 октомври рекол дека не бил запознат за непостоењето протоколи и стручен конзилиум на Онкологија, а дека поранешниот директор на клиниката, Нино Васев, ги демантирал исказите на Филипче, зашто во своето сведочење кажал дека праќал извештаи до кабинетот на министерот за здравство. 

„Од овие излагања имам констатација –  или за неговорење на вистината од Венко Филипче, дека не бил запознат со состојбата на Онкологија, или бил запознат, но тоа не сакал да го каже“,рече Милошоски.

На излагањето на Милошоски реагираше пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ кој рече дека работата на Анкетната комисија се политизира. И потенцираше дека ова собраниско тело трбало да се потпре врз документи за да донесе вистински заклучоци.

„Ние треба да разгледуваме документи, а не од парафразирани изјави да се носат заклучоци и врз основа на тоа и обвинение. Ние не сме суд, не сме обвинителство“,рече Коциќ.

На предлог на ВМРО ДПМНЕ, партиите се согласија да се испитаат новите факти и да се види дали имало прекршување на уставно загарантираните права и злоупотреба на законите.Пратениците од власта, сакаат што поскоро да се донесат заклучоци, додека пак опозицијата бара детално да се разгледа цела документација од сите сведочења и докази, за да се донесе вистинскиот заклучок за тоа кој е виновен и кој ќе сноси политичка одговрност за случувањата на Онкологија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста