Тензична и долга расправа во парламентот за разрешувањата на Меџити и Алиу

Тензична и долга расправа во парламентот за разрешувањата на Меџити и Алиу

На скандалозен начин техничкиот премиер Талат Џафери го образложи предлогот за разрешување на министрите за здравство и информатичко општество. Според законот, не можело да има два опозициски субјекта во состав на владата и тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето, се правдаше Џафери од собраниската говорница.

Министерот им се обрати и на функционерите на СДСМ во овој владин состав и ги повика да размислат колку е, како што рече, понижувачки за нив и нивните поддржувачи да бидат неми набљудувачи на она што го прави ДУИ против интересот на граѓаните и на пациентите. Оцени оти соучеството е најлоша форма на поддршка.

Сакам да им се обратам на сите функционери на СДСМ. Размислете колку е понижувачки за вас и вашите поддржувачи да бидете неми набљудувачи за она што го прави ДУИ за граѓаните. Мојата чест е чиста, јас знам за што се залагам и за што се борам. Кои се моите принципи и идеали? Во последните два дена добив стотици пораки на поддршка, што покажува дека сум на вистински пат – рече Меџити.

„Сега откако анкетите се јасни и расположението на граѓаните се манифестира, свесни се дека крајот е дојде“ – коментира од собраниската говорница пратеникот Драган Ковачки.

Наместо да се занимавате со суштинска подготовка на изборниот процес, се занимавате со разрешувања. Тлото под нозете им се тресе на СДСМ и ДУИ, анкетите тоа го покажуваат, но и расположението на граѓаните се манифестира – рече Ковачки.

Според пратеникот Халил Снопче кој застана на страната на Таравари, поразително е за техничкиот премиер да слуша наредби од други пониски ешалони односно од структури во Алијанса за Албанците кои соработуваат со ДУИ.

Одлуката нема врска со нашето партнерство во оваа Влада. Ако се случи такво нешто, сакам да кажам дека ние немаме ниту една обврска кон договорите со оваа Влада и со СДСМ и со никој друг. Значи, тие сами решаваат да не’ избркаат од Владата – рече Снопче.

СДСМ пак, кои според опозицијата се неми набљудувачи на она што се случува, и дека во театарот се трета улога, додека првите две ги имаат ДУИ и Алијанса за Албанците, сметаат дека до оваа ситуација со разрешувањето дошле откако дел од мнистритите кои се од Алијанса се изјаснија дека сакаат да одат во опозиција.

Влегувањето на Алијанса во Владата беше врз база на политички договор и приницпи, взаемна согласност за реализација на владината програма. Со одвојувањето на дел од оваа партијата нормално е да продолжиме да соработуваме со оние кои сакаат да ја поддржат и да останат во Владата – рече Мартин Костовски од СДСМ.

Откако ќе се гласа во врска со разрешувањето на Меџити, ќе се отвори расправа за разрешување на Алиу. За министри на нивно место се предложени Илир Демири, за министер за здравство и Наим Бајрами за министер за информатичко општество и администрација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста