Завршни зборови на Јанакиески : После 2 години Рускоска рече – „Нема докази, извинете, еве ново обвинение“

„По скоро 2 години судски рочишта, на крајот од постапката – делот за кои ме товари обвинителството изчезнува и Рускоска кажува „Немаме докази“ “- Миле Јанакиески го даде својот завршен збор за „собраниските настани“. Од почетокот на предметот до денеска, ниту одбраната ниту судот, не слушнале или виделе доказ, дека тој  сторил тероризам и загрозување на уставниот поредок – тврдеше Јанакиески пред судскиот совет. Обвинителството правело манипулации дека тој ги координирал комитетите за масовност на протестите. 

„Не сум јас тој што треба да седи тука пред вас, на оваа обвинителна клупа. Каков организатор сум јас на настаните од 27-ми, ако сум му не кажал на некој, ако јас не сум кажал да се отворат вратите, ако јас кажувам да се оди во прес салата, и да се стои пред некого и ако Крсто Муковски оди да ги отвори вратите? Затоа фикции на Обвинитеството дека јас сум организатор, зошто најлесно е да се каже: па кој друг ако не Миле, Миле е за се крив“ – рече Јанкиески пред судот во завршниот збор.

Миле Јанакиески во завршниот збор се повика и на изјавата на премиерот Заев, кој пред судот рече дека не верува дека овие луѓе се организатори.

Обвинителството прави бај-пас во погрешно време, со менувањето на обвинителниот акт пред самиот крај, бидејќи не успеа да го докаже дејството со кое првично го товари Миле Јанакиески- рече одбраната на екс министерот.  Обнителството ги менувало, кратело и додавало, делови во пораките со кои сакало да докаже дека Миле Јанакиески е организатор на собраниските настани, но не успеало бидејќи организација  од страна на двајцата поранешни министри сега обвинети не постоела.

„Ние ако поништиме искази на 200 сведоци и дадеме верба на тој еден сведок, па ние ќе го рушиме уставниот поредок, сите ние во оваа сала. Не јас туку никој не би поверувал, дека 20-тата сведоци не ја зборувале, а сите пред вас се заколнаа- вели Новакоски.

Претходно, завршните зборови ги дадоа адвокатите и еск-спикерот Велјановски и поранешниот министер за образование, Ристовски, кои побараа ослободителна пресуда од судот за сите обвинети.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста