Закон за македонски јазик: Ниту има пари, ниту подготвеност на институциите да го спроведат

Закон за македонски јазик: Ниту има пари, ниту подготвеност на институциите да го спроведат

Нема ниту пари ниту подготвени институции за новиот закон за макеоднски јазик. Иако го донесе, власта не го почитува уште од самиот почеток, бидејќи треба да се избере директор на инспекторатот кој го предвидува, но, изговорот е дека тоа не може да се направи во предизборен период.

Експертската јавност има соменија за тоа, зошто донесувањето на законот се одложуваше за цели 6 години, за да се донесе непосредно пред избори, иако тие не беа неочекувани, бидејќи се редовни избори.

Дел од одредбите во новиот закон, беа содджани и во оној од 1998та, но, тој не беше доследно спроведуван. Самоволието на општините и дел од функционерите досега никој не го санкционирал.

  • „Се она што излегува од Уставот, всушност е кршење на Уставот. Прво, не се почитува Уставот, а не законот за употребата на македонскиот јазик, во кој што се применети деловите од Уставот кои се однесуваат на македонскиот јазик. Досега не сум чула дека инспектор отишол некаде, дека казнил некоја единица на локалната самоуправа, затоа што е прво на албански јазик напишан натписот, а потоа е на македонски, а треба обратно и според Уставот.“ – Истакна проф. Симона Груевска-Маџовска од унститут за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Професорката Маџовска потсетува и на носењето на законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот јазик се изедначи со македонскиот. Вели дека и покрај забелешките на венецијанската комисија, оти се коси со Уставот, со него се формираат паралелни јазични институции, како што е инспекторатот, а со тоа и двојни трошоци.

  • „Уште кога овој закон за употреба на јазиците се носеше, јас имав забелешка, за инспекторатот што се формира, да не биде само за албанскиот јазик, туку да биде за примена на сите јазици, затоа што ние не сме богата држава и мислам дека тоа ќе биде по практично. Да биде еден инспекторат за примена на сите јазици што се зборуваат во Република Македонија.“ – Порача професорката.

Груевска Маџовска ги потенцира и нелогичностите, за тоа, зошто спроведувањето на законот за албански јазик е во надлежност на министерството за правда, додека пак законот за македонски јазик, во надлежност на министерството за култура.

Инаку, со новото законско решение, се предвидува инспекторат со околу 20на инспектори кои ќе даваат препораки, ќе изрекуваат опомени или ќе казнуваат за прекрушвање на законот со казни од 1.500 до 3000 евра. Се него, макеодонскиот јазик станува задолжителен за настани кои се организираат од државниот буџет, во сите институции се предвидува да се вработат лектори, како и други одредби за негова употреба во законодавната, извршната, судската власт, локалните самоуправи, како и меѓународните односи.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста