Возовите мируваат четврти ден, машиновозачите ја бојкотираат работата и најавуваат колективен отказ

Расте притисокот кон машинскиот персонал во Железници да се врати на работа, откако тие веќе четврти ден не управуваат со возовите, револтирани поради глувиот однос од менаџментот.

Министерот за транспорт се закани ако веднаш не почнат да возат, менаџментот слободно може да им даде отказ. Тој рече дека не прифаќаат никакви уцени, бидејќи до сега машиновозачите имале сериозни и поголеми примања за разлика од многу други работници. Министерот ги обвини работниците дека поради нив сообраќајот бил во загуба.

  • Машиновозачите да се вразумат и да почнат да работат, бидејќи немаат причина за штрајк. Досега им се исплатени сите плати и заостанатата од претходната власт укинати се антикризните мерки. Се што било побарано се е удоволено. Не е ова пазар каде што ние можеме да се пазариме за коефициентите. Штрајкот е неоснаван и незаконски, рече Сугарески.

Тој соопшти дека од штрајкот МЖ Транспорт има пресметана загуба од 9 милиони денари.

  • Соседните држави веќе размислуваат да го пренасочат сообраќајот преку Бугарија и тоа треба да биде повод машиновозачите да размислат и за ова, рече Сугарески.

Наспроти изјавата на Сугарески дека Владата нема да трпи уцени, машиновозачите велат дека тие гледаат уцени. Пред камерата на Алфа се пожалија дека менаџментот им се заканил дека ќе ги избрка од работа ако веднаш не почнат да возат.

Според машиновозачот Славчо Неделковски кој 35 години е дел од Македонски железници, кризата продолжува бидејки наидуваат на игнорантски однос од раководството.

  • Никогаш не сме имале ваков игнорантски однос од работодавачаот, не е фирмата наша, не е ни моја, ние мораме заеднички да ги надминуваме проблемите, денес пак побаравме средба, пуштивме и писмено барање, вели Неделковски.
  • Чекаме, како на сите тие 10 колеги денеска им се упатени и предадени отказните решенија, ние остануваме овде и чекаме тие решенија да ги изготват и да ни ги дадат и нас. Слободно, нека ни ги дадат. Од нашето барање на отстапуваме. Едно единствено барање имаме, 10 проценти покачување на квалитетот, од 30 на 40, велат машиновозачите Чаракревски и Неделковски.

Чакаровски вели дека остануваат на поставеното барање да им се исплаќа надомест за квалитет од 40% и продолжува блокдата и покрај апелите да се вратат на работа.

Инаку, на машиновозачите, кои четврти ден го блокираат железничкиот транспорт, раководството им дели писмени предупредувања за прекин на договорите за работа поради не извршување на работните обврски. Машиновозачите велат дека иако барале средба со министерот и со генералниот директор Орхан Муртезани, барем за сега одговор нема.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста