„Војната против Хамас ќе трае повеќе од неколку месеци“

„Војната против Хамас ќе трае повеќе од неколку месеци“

Војната на Израел против Хамас во Газа ќе трае „повеќе од неколку месеци“, изјави министерот за одбрана Јоав Галант пред високи американски претставници во Тел Авив.

„Тие изградија подземна и надземна инфраструктура и не е лесно да се уништи“, рече Галант за време на разговорот со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

„Ќе биде потребно време – ќе потрае повеќе од неколку месеци, но ние ќе победиме“, рече Галант.

По средбата, Саливан се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други членови на воената влада. Тема на разговор беше можната транзиција кон воени операции со помал интензитет во Газа.

Но и покрај интензивните меѓународни повици за заштита на цивилите и ширење на смртоносни болести меѓу раселените жители, Израел продолжува да го бомбардира појасот Газа. Во нападите израелската армија убила најмалку 18.600 луѓе, а ранила 50.000, тврди Министерството за здравство во Газа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста