Власта брзо менува закони само за нејзина корист, но не и за пациенти кои треба да се лекуваат во странство

Власта брзо менува закони само за нејзина корист, но не и за пациенти кои треба да се лекуваат во странство

Како на брза лента се гласаа законите за коридорите 8 и 10. Со европско знаменце се изгласа неколку стотици закони, ама не можело да се направи промена на Законот за здравствена заштита, затоа што според техничкиот премиер и поранешен претседател на Собранието,  Талат Џафери, станувало збор за индивидуален случај.

Дека не станува збор за индивидуален случај објави Тв Алфа пред два дена. Фондот не одобрил пари за третман во странство ниту за Јани Иванов, чиј случај е речиси идентичен со оној на Леонид.

Таткото на Јани, се приклучува кон иницијативата за промена на Законот за здравствена заштита и апелира тоа да се направи што е можно поскоро.

-Тие Уставот го сменија. Сега слушам дека и апанажа им е изгласана , по 2500 евра годишно.  Значи тие можат да си менуваат закон како што сакаат и како што нив им одговара за да земаат повеќе пари а не можат да го сменат зкаонот за вакви пациенти, особено кога станува збор за млади деца, вели таткото на Јани, Васил Иванов.

Актуелниот закон за здравствено осигурување не дозволува промена на правилниците, дури и ако управниот одбор ги изгласа промените и за тоа добие согласност и од Министерството за здравство, тоа нема да биде возможно бидејќи треба да се смени Законот за здравствено осигурување.

Во 2020 година има вкупно 193 барања за лекување во странство, од кои биле одобрени 142. Во 2021 година имало 275 барања за лекување во странство а Фондот одобрил само 193. И во 2022 година имало 347 барања од кои биле одобрени 264, стои во годишниот извештај на Фондот.

Во 2023 година имало 347 барања за лекувања во странство, но се уште нема податок колку биле одобрени. Од ФЗО за Алфа велат дека за 2024 година за оваа намена  резервирани биле 400.000.000 денари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста