Власт за во Гинис – 7 години СДСМ и ДУИ не можат да завршат 11 километри од делницата Катланово – Петровец

Власт за во Гинис – 7 години СДСМ и ДУИ не можат да завршат 11 километри од делницата Катланово – Петровец

Власта реконструира автопат долг 11 километри безмалку 7 година по ред. Македонските институции веројатно се обидуваат да не номинираат како држава која ги урива сите рекорди при изведба на патишта, бидејќи како и многу други, така и делницта Катланово – Петровец, се реконструира од 2017та година. Како за споредба, автопатот Демир Капија – Смоквица, долг 28 километри, како дел од коридорот 10, се градеше шест години.

Додека дел од институциите си ја префрлаат одговорноста, други ги кријат причините за одлговлекувањето. Алфа ТВ се обрати до сите надлежни. Од министерството за транспорт и ЈП Македонија пат, одговорноста ја лоцираат кај нивните колеги од ЈП Државни патишта.

  • „ЈП Македонија пат не ја изведува, ниту пак на било кој начин учествува во реконструкцијата на наведената делница“ – Ни одговорија од ЈП Македонија пат.

Во телефонски разговор со директорот на Македонија пат, Костадин Ацевски, тој прстот го впери во ЈП Државни патишта. Но, оттаму, иако уште вчера потврдија оти ги добиле прашањата на Алфа ТВ, одговори за тоа, зошто толку се одолговелкува изведбата на само една, дополнителна лента, не дадоа.

Овие сообраќајни знаци, покрај тоа што ги информираат возачите дека се работи на патот, ја информираат и јавноста, за способноста на владините кадри.

Власта помпезно се пофали дека веќе завршиле една насока од овој автопат, па сега започнале со другата. Но, нивните фалби не беа прифатени од возачите, кои со свирежи ги засенија нивните обраќања.

Имајќи предвид дека автопатот Катланово – Петровец, покрај граѓаните, го користат и туристите, како и гости кои доаѓаат или поаѓаат од скопскиот аеродром, па ако последен пат во Македонија биле во 2018, ќе бидат сведоци оти и по скоро 7 години, кај нас нема значајни промени.

Покрај оваа делница, во слична состојба се и 10те километри пат од Скопје до граничниот премин со Косово, Блаце, кој во заврша фаза влезе после скоро 13 години. Проект кој беше започнат уште пред промената на власта во 2017. Истата судбина ја дели и автопатот Кичево-Охрид, како и многу други патишта.

Можеби среќа околност е што власта при реконструкција на делницата Катлоново – Петровец, реши дека само ќе додаде една дополнителна лента, бидејќи ако го градеше одново, веројатно ќе ја делеше судбината на коридорот 8 и 10. Со месеци трошејќи стотици илјади евра, народни пари, без да се види ниту еден метар асфалт.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста