ВИДЕО: ЕНТОНИ ДЕЈВИС СО ЗВУКОТ НА СИРЕНАТА ДОНЕСЕ 2-0 ЗА ЛЕЈКЕРС ПРОТИВ ДЕНВЕР

Ентони Дејвис со тројка во звукот на сирената му донесе победа на Лејкерс од 105-103 на вториот меч против Денвер во финалето на Запад.
„Езерџиите“ диктираа во поголемиот дел од мечот, неколкупати имаа и плус 16 поени, но како одминуваше времето Денвер ја топеше разликата. Нагетс во финишот поведоа и малку фалеше да изедначат во серијата. Сепак, Лејкерс во последниот напад имаше две секунди за игра, а судбината во свои раце ја презеде Дејвис, кој не погреши од полето за три. Заврши како најдобар со 31 поен и 9 скока, а за Денвер овој пат одпомош не беа Јокиќ со 30 и Мареј со 25 поени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста