Случај 27-ми април: За Пендаровски лани не беа терористи, сега не сака да зборува за евентуално помилување

Иако претходно говореше дека луѓето кои влегоа во Собранието не биле терористи, сега македонскиот претседател Стево Пендаровски не одговара- дали можеби ќе ги помилува осудените на драконски и долгогодишни казни затвор, за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Запрашан дали можеби со новиот закон за помилување, кој е во подготовка, во одреден дел ќе бидат опфатени и осудените за собраниските настани, Пендаровски одговори само во делот што би содржел новиот закон, дека помилување ќе може да има само после правосилност на пресуда.

-(ДАЛИ СПОРЕД ВАС ВО ОДРЕДЕН ДЕЛ ТРЕБА ДА БИДАТ ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ ЗА КОИ НЕКОЛКУ ПАТИ КАЖАВТЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ОДГОВОРААТ ЗА ТОА ДЕЛО ЗА КОЕ СЕ ОСУДЕНИ?) Во демократски и во правни и во правни системи треба да се остави системот да истера постапка, да се соочат аргументите на Обвинителството и одбраната и на крајот ако смета претседателот, кога ќе заврши целата постапка и таа пресуда стане правосилна, дека има некаков простор за корекција, тогаш е дозволено да влезе во процесот, а не првиот, вториот, третиот ден да пресуди да каже нема да има постапка понатаму, изјави Пендаровски.

Пендаровски сега избегна да говори за оваа тема, за која пред една година , кога беше побарамн нов судски процес, директно кажа дека овие луѓе не можеле да бидат осудени за тероризам.

-Јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи, што влегоа. Стануваше збор за она што едно време го правеше Југославија, го нарекувавме и години потоа го нарекувавме насилно рушење на уставниот поредок, значи не тероризам. Тие што физички напаѓаа луѓе си ги заслужуваат казните кои ги добија, оние кои што влегле во зградата на Собранието не можеш да кажеш дека се терористи, изјави Пендаровски лани на 30.04.2021 година.

Дека влезот во Собранието не може да се гледа како тероризам, пред една година порача и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Овие настани се болни. Применето е насилство врз народните избраници, применета е бруталност, но не и тероризам. Се знае што значи тероризам и каква квалификација е „тероризам“, изјави лани Ахмети.

За многумина во овој судски процес свои раце вмеша и политиката. Сомнежите за тоа ги зголемува и самата реторика на власта веднаш во после собраниските. Тогаш Петре Шилегов во улога на портпарол, го кажа кривичното дело, кое подоцна го поднесе Вилма Русковска, а драконски пресуди донесе Добрила Кацарска.

-Во четвртокот во Собранието беше извршено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок – 313 член, изјави Шилегов на 29.04.2017 година.

Пораки дека делото за кое се осудени луѓето за собраниските настани не може да биде терористички загрозување на уставниот поредок, стигнаа од многу страни, како и од меѓународни организации. И покрај се, луѓето првостепено беа осудени на вкупно 211 години затвор, која со одлуката на Апелација беше намалена на 188. Одбраната порачува дека тие не бараат намалување на казните, туку ослободителна пресуда за ова дело.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста