Шпанија го намали бројот на смртни случаи од коронавирус за околу 2.000: „Ни се случи грешка“

Шпанија објави дека 2.000 луѓе кои починаа како  последица од инфекција со коронавирус се погрешно сместени во таа статистика. Министерството за здравство соопштило дека досега од коронавирусот починале 26.834 лица, а не 28.752, како што било објавено во неделата.

Бројот на починати е ревидиран при верификацијата на собраните податоци, кога службените лица ги избришале смртните случаи што биле пресметани двапати по грешка, како и смртните случаи кај кои инфекцијата не била утврдена со тестирање.

Официјалните бројки не вклучуваат илјадници луѓе за кои се верува дека починале со симптоми на коронавирус, особено во старечките домови.

Министерството соопштило денеска дека 50 луѓе починале во претходните 24 часа во Шпанија, што е најмал број на починати во еден ден од 16 март.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста