Русино гори,гостиварци се трујат,надлежните си ја префрлаат одговорноста

Депонијата Русино гори, гостиварци се трујат,загадени се и почвата и воздухот.На обработливите површини во околината веќе нема култури.Русино со децении е вистинска еколошка опасност.И не само таму, долж целиот пат до депонијата,има купишта смет .

Стенд ап-Овде на депонијата Русино едвај се дише од зачаденост.Илјадниците тони смет горат непрекинато речиси еден месец.Од граѓанската иницијатива Стоп русино се сомневаат дека ѓубрето намерно се пали.

Се закануваат со протести и блокади.Ова велат станува премногу опасно за здравјето на луѓето, а надлежните си ја префрлале одговорноста.Општината немала ингеренции,ресорното министерство пак, сеуште не одговорило на нивните претставки..

Побаравме објаснување од  градоначалникот Таравари, но тој остана недостапен за изјава.Инаку, Русино треба да биде регионалната депонија за отпад на сите девет општини во полошко.Но, на најавите дека конечно ќе се инвестира  и ќе прерасне во современо место за депонирање отпад по сите стандарди,нема никаква реализација.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста