Правда ги соопшти деталите за екстрадиција на Палевски – со месеци ќе се чека негово испорачување во Македонија

Правда ги соопшти деталите за екстрадиција на Палевски – со месеци ќе се чека негово испорачување во Македонија

Надеж за брза екстрадиција има, но постапката може да трае со месеци. Министерството за правда не ја исклучува можноста Љупчо Палевски Палчо како лидер на политичка партија да побара и азил. Сепак праксата покажува дека азил се бара во моментот кога се влегува на туѓа територија, а не веќе кога е определен екстрадициски притвор. Палевски, може да се жали по секоја основа за одредениот притвор, но и за барањето за ексрадиција од Македонија. Во министерството за правда на Турција вчера и официјално било примено барањето, но турските институции немаат должност да ги известат македонските што од правните можности ќе искористи првоосмоничениот за убиствата на Вања и Панче.

  • „Екстрадицијата може да се случи по скратена постапка, но само ако притвореното лице се согласи да биде предадено. Најкратката екстрадиција што сме ја имале во досегашното функционирање траела десет дена со Швајцарија кога буквално моравме да отидеме физички да си го земеме лицето. Но знаејќи за кого се работи во овој случај, очекуваме тој да се жали на секоја точка и запирка во целокупната постапка. Има право на жалба и на притворот и на секоја фаза од постапката за екстрадиција“, велат од секторот за меѓународна соработка во Министерството за правда.

Палевски ако сам не ангажирал адвокат, тоа му следува по службена должност бидејќи веќе му одреден 40 дневен притвор. Како ќе се одвива постапка кај турските власти од Правда не прецизираат, но засега ја оставаат отворена и можноста Палевски сам да побара брза екстрадиција.

  • Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, “ рече Аврамовска Мадиќ.

Правда апелира да не се шпекулира за случајот, бидејќи сите политички изјави би можеле да ја отежнат постапката за брзо испорачување на Палевски.

Во меѓувреме, продолжува и истрагата за останатите 5 осомничени на кои им е определен 30-дневен притвор. Обдукцискиот наод од Судска медицина ќе биде испратен во Обвинителството, а анализите се очекува да бидат главните адути во судската постапка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста