Мониторинг мисија на УНЕСКО во февруари во охридскиот регион, министерката за култура збунета

Мониторинг мисија на УНЕСКО во февруари во охридскиот регион, министерката за култура збунета

После седум години неисполнување на клучните препораки на Унеско, да се зборува за идни планови е безочно и неодговорно. Граѓанските активисти гласни,бесправното градење е најзастепо кривично дело во Струга, целото крајбрежје е узурпирано и изградено со дивоградби од лица блиски до локалната власт, кои што немаат одобренија за градење, немаат договори за концесија и не плаќаат никакви надоместоци на општината. Статистичките податоци говорат дека последните 5 години во Струга одобрена е изградба на површина д 91.500 м2.Таму непрекинато се уништува и узурпира крајбрежјето. Министерката за култура која е и претседател на Националната комисија на Унеско, ја прашавме дали знае што се случува во Струга, но таа конфузна ги измеша не само регионите,туку и планинските масиви.

 Заедно со Национален парк Галилица направено е скенирање на целиот тој терен во Охридскиот регион и ќе утврдиме што е тоа што е дивоградба во Оштина Струга што не, независно од што Општина Струга изјавува.Општина Струга и Советот на Општина Струга е  задолжена со усвојување на деталните и генералните урбанистички планови што значи тие на крајот треба да го имаат за жал последниот збор за каков статус ќе му дадат на тие градби– рече Бисера Стојческа Костадиноска,министер за култура.

Функционирањето на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион е далеку од одлично.Голем дел од седниците изминавата година не можеа да се одржат поради немање кворум,односно саботирање на Комисијата од страна на нејзините членови-реагираат од Охрид СОС.

ОХРИД СОС:” Сè уште да се зборува за неусогласена легислатива како да доаѓа од некои виши сили кажува само едно – дека оваа власт почна и остана само лош ученик кој постојано смислува изговори пред УНЕСКО и се обидува со суштински незначајни потези и лобирање да го „спасува“ Охридскиот Регион. А, во суштина да не ги попречи бизнисите на малкумина кои и понатака треба да продолжат да профитираат на сметка на нашето национално и светско наследство”.

Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион нема покренато ниту една иницијатива, поттикнато инспекциски надозор во Охридскиот Регион каде идниот месец ќе дојде реактивната мониторинг мисија на Унеско.Владата пред 4 месеци донесе одлука за ограничување и уривање на градби во охридско-струшкиот регион,но не е срушен нити еден објект.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста