Летото ги активираше колапсите – докторите апелираат да не се излегува директно на сонце во пладневните часови

Топлото време ги вжешти сирените на амбулантните возила. Полни раце работа имале екипите на Итната медицинска помош за време на викендот. Доктори интервенирале при колапси на јавни места, но имале и јавувања за пациенти со мозочни удари. Повеќето биле повозрасни граѓани – велат од брзата помош. Високите температури на стартот од летото може да предизвикаат сериозни проблеми со здравјето кај граѓаните, пред се кај оние кои од изладени возила и простории излегуваат директно на жешкото сонце, велат лекарите.

Дека корона кризата ги стави во втор план сите други здравствени состојби признаваат матичните лекари. Велат, докторите мора да ги советуваат своите пациенти за ризиците што ги носи топлото и променливо време. Апелираат да не се излегува во пладневните часови, но и да се внесуваат големи количини на течности за да може граѓаните да останат хидрирани во текот на летните денови.

Топлото време не ретко е причинител и на цревни инфекции кај граѓаните поради што се полнат ординациите на матичните лекари. Затоа докторите апелираат храната да биде свежа и добро, а месото и млечните производи да се заменат со свежо овошје и зеленчук.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста