Кина го проширува карантинот заради корона вирусот

Кина денес соопшти дека го проширува санитарниот кордон кој треба да го спречи ширењето на вирусот кој првично се појави во градот Вухан.
Според некои проценки, поради проширениот карантин од 35 до 56 милиони луѓе ќе бидат отсечени од светот.

Со новата мерка ќе бидат опфатени уште пет града во централната провинција Хубеи, додека досега во карантинот беа 13 града.

Во рамки на воведените мерки на карантинот, јавниот превоз не сообраќа кон тие градови а излезите од автопатите кои водат кон нив се затворени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста