Фотографии и снимки фрчат, ама Заев не видел дека се слави во Штип после победата во неделата

Лидерот на СДСМ Зоран Заев замижа за она што во неделата се случуваше во Штип. Тој не видел никакво славење  по повод победата на градоначалничките избори.  Тврди дека ги испочитувал протоколите, носел маска, а немало и никакво славење каде што учествувал тој. Веднаш откако честитал победа, си заминал за Скопје-вака денес одговори на новинарско  прашање дали ќе се самоказнат за непочитување на здравствените протоколи кое му беше поставено додека ја промовираше новата владина кампања”Празнувај одговорно” Веќе втор ден надлежните молчат. Неизвестно е дали ќе има санкции поради тоа што откако ДИК објави дека е постигнат цензусот почнаа да се со собират на градскиот плоштад каде што ниту се почитуваше растојание, ниту забраната за групирање на јавен простор. Според фотографиите на социјалните мрежи кои сами си ги објавуваа се гледа дека се славело  и по 21часот. Во неделата во Штип се одржаа предвремени градоначалнички избори.Најголем број на гласови освои интервентниот кардиолог Сашко Николов, на кој во текот на целата кампања акцентот му беше здравјето на граѓаните.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста