Беса Адеми ја преживеа дисциплинската од СС – стопирана постапката за нејзино разрешување

Беса Адеми ја преживеа дисциплинската од СС – стопирана постапката за нејзино разрешување

Нема одговорност за Беса Адеми за недоаѓањето на седници на Судскиот совет и не кажа кој им вршел притисок на  врховните судии.  Седум гласа се изброија за запирање на дисциплинската постапка за разрешување на претседателката на Врховниот суд.

  • „Кој е за запирање на постапката? – Седум „ЗА“ четири „ПРОТИВ“ “се констатираше.

Со часови, членовите на Судски говореа зошто треба,  односно не треба да се продолжи постапката која освен разрешување носеше можност и за помала дисциплинска казна па се до опомена за Адеми. Дел од мнозинството кое гласаше за запирање на постапката јавно кажа како ќе гласа:

  • „Дали е точно дека претседателката зборувала за прашања од јавен интерес? – И те како е точно. Дали има право на тоа? – Има. Не само што има, туку има и обврска на тоа“ рече Весна Дамева, претседател на Судски совет.
  • Морам да кажам дека гледам напред, човек сум што секогаш гледал напред и позитивно, а особено ги почитувам препораките на Оценската мисија“рече Сашко Георгиев – член на Судски совет.
  • „Ако сакаме да се бориме за правна држава, поготово судија на Врвховен судија, треба да каже имав притисок од тој, тој и тој ама гласав како што гласав“, рече Антоанета Димовска-член на СС.
  • „Добро сте ирверзирани вие адвокати, ама ние судии сме добро изградени да пресечеме, има основа вашето барање денешното рочиште да се одложи, и внимаваме на тоа да не ни застарат предметите. А на денеска ќе ви кажев: овој предлог даден во оваа насока е да се одолговлекува постпаката а нема причина”, рече Ивица Николовски-член на СС.

Од друга страна, Тања Чачарова Илиевска и Лорета Георгиева бараа Адеми да понесе одговорност за тоа што во континуитет ги игнорирала поканите на Судскиот совет, но и за тоа што наместо во надлежните институции за притисоците зборувала по медиумите.

  • „Меѓутоа ти во континуитет да бидеш спречен да бидеш месеци,, да дојдеш на седница на СС, во една состојба во која се наоѓа македонското судство, и да не најдеш за потреба да зборуваш во телото во което самиот си член, не ми е јасно“ рече Тања Чачарова Илиевска – член на СС.
  • „Морам да си дадам за слобода да кажам, дека се однесуваше на начин кој не доликува на претседател на Врховен суд, со навреди, омаловажување на адреса на СС, на членовите и на конкретните претседатели. Но очигледно, таквото нејзино однесување беше под закрила на некои од членовите“ рече Лорета Георгиева – член на СС.

За бранителот на Беса Адеми со запирање на постапката останува отворена можност за враќање на довербата во судството, но и угледот на Судскиот совет.

  • „Се согласувам со сите искажани ставови на членовите кои гласаа за запирање постапката. Ова е единствениот начин за да се врати довербата во правосудството и да се врати довербата во Судски совет“, рече адвокатката Павлина Зефиќ-Јакимовска.

Дисциплинската постапка за претседателката на Врховен ја поднесе Миљазим Мустафа, член на Судскиот откако таа јавно прозборе дека имало притисоци врз врховните судии, но не им кажа од кој на колегите во советот, каде пак и во континуитет од шест месеци не присуствувала на седници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста