Алтернатива ги кажа своите предлози за министри, останува на Ковачевски да ги одбере наследниците на министрите од СДСМ кои испаѓаат од игра

Се надзираат контурите на новата влада. Алтернатива ги откри имињата на функционерите кои ќе седнат на функционерските фотлеји. Најголемо внимание кај јавноста од предложените имиња предизвикаа Беким Сали и Орхан Муртезани, кои во наредниот период ќе бидат на чело на Министерството за здравство, односно на МЕПСО, поради тоа што и двајцата на функциите доаѓаат во време на криза. Сали ќе треба да се справува со очајно лошата состојба во здравството во време на пандемија со Ковид-19, додека Муртезани, на Македонија ќе треба да и обезбеди електрична енергија.

Хисни Исмаили ќе биде потпретседател на Собранието,  Адмирим Алити,  министер за Информатичко општество и администрација   Алтернатива предложува и министер без ресор кој ќе биде одговорен за дијаспората односно во таа фотелја ќе треба да седне Џемаил Чупи, а Дритан Беџети  ќе биде директор на ПИОМ-велат од Алтернатива.

Новиот министер за здравство по професија е стоматолог и има сопствена ординација. Сали во политиката е 6 години, а во моментов ја извршува функцијата Генерален секретар на Алтернатива. На последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Алијанса и Алтернатива но ги загуби изборите. Политичката кариера ја почнал како шеф на кабинетот на Бујар Османи додека беше Министер за здравство. Освен во политиката Сали е влезен  и во бизнисот со текстил.

Инаку, премиерот Зоран Заев најавената оставка ќе ја поднесе во среда. Заев не заминува сам. Сигурно дел од новата влада нема да бидат министерот за здравство Филипче и министерката за одбрана Шекеринска. Од функцијата се поверојатно ќе си заминат министерката за образование Царовска и министерот за внатрешни, Спасовски како и вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски.   

Во премиерскиот кабинет по Заев, ќе влезе новиот лидер на Соцјал-демократите, Димитар Ковачевски.  Тој ќе има 10 дена да го  предложи составот на идната влада.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста