Телефонски броеви за контакт за македонските граѓани кои се во Бејрут
МНР преку дипломатски канали ги презема сите неопходни мерки и активности за добивање на соодветни информации поврзани со нашите државјани кои би можеле да бидат засегнати од вчерашната несреќа во Либан.
До моментов, ниту еден граѓанин на Македонија кој би можел да се наоѓа во Либан не се обратил до Министерството за надворешни работи за соодветна помош.
За оние кои се наоѓаат таму, а во случај на потреба од информација или помош, веднаш да се јават на дежурниот сервис во МНР: +389 75 273 732 или на останатите Глобал СОС телефони во следниве дипломатски претставништва на Македонија: Анкара +90 539 456 97 10, Истанбул +90 545 614 97 77, Доха +974 665 979 44, Каиро +201002898673, Абу Даби +971 564 417 552. Напоменуваме дека овие броеви се достапни и на „Viber“ и „WhatsApp“ апликациите.