Текстилниот сектор пред колапс, петтиот пакет мерки ургентно потребен

Текстилната индустрија е пред колапс. Работниците во грч,стравуваат да на се повтори црното сценарио од деведесетите кога илјадници работници по затварањето на Астибо и Македонка останаа без работа. Излезот од кризата треба да се бара во преструктуирање на компаниите, а државата треба да изготви системска стратегија со која ќе се потикнуваат нови индустрии со  поголема додадена вредност и повисоко ниво на продуктивност, смета проф.по економија Дарко Лазаров.

 „Една од индустриите е метало преработувачката, машинска и електро индустрија. Постојат и други , на пример КЕТ индустрии како што ги нарекуваат , креативни индустрии . Да не заборавиме Штип е универзитетски град , од каде што излегуваат голем број на висококвалификувани млади кадри кои можат да бидат конкуретни на странските пазари со нови идеји и нови бизниси„-изјави проф.Дарко Лазаров

Сериозното одлжување на крајот на кризата ќе предизвика големи штети на стопанството, смета проф. Лазаров. Добар дел од странските компании кои се партнери на  домашните  пропаѓаат.Постои опасност овој тренд да продолжи и во посткризниот период што значи дека  нашите текстилни компании можат трајно да ги изгубат нарачките, а со тоа голем дел од работниците кои сега се на принуден одмор да останат без работа.

  „За жал како земја не успеавме да направиме одредена трансформација на македонската економија, осебно на градот Штип и сега гледаме дека градот се уште е сконцентриран во трудоинтензивните дејности со ниски примања и се изложени на големи ризици . Во наредниот период треба да се направи сериозен план Штип да се преструктуира во насока на поддршка на нови индустрии кои имат поголема додадена вредност  и имат повисоко ниво на продуктивност„-изјави проф. Дарко Лазаров

Поради немањето на доволно нарачки над 3.500 текстилни работници од понеделникот се испратени на колективен одмор. Ако ситуацијата остане непроменета постои опасност бројот на невработени драстично да се зголеми. Според стопоанствениците оваа фаза би можело да се протолкува како и најава за конечни отпуштања. Текстилната индустрија вработува над 37.000 работници, а во вкупното индустриско производство учествува со речиси 13%. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста