Текстилната индустрија се надева на подобри денови на есен

Текстилните компании во грч. Налозите за летните нарачки што  од септември треба да ги шијат штипкските работнички,  ќе бидат пресудни за опстојување на многу конфекции. Задржувањето на странските партнери и отварањето на европскиот пазар ги праќа првите позитивни сигнали за евентуално нормализирање, објаснуваат од Текстилниот кластер.

   „Ние и порано предвидувавме дека може да се очекува постепена нормализација на состојбите од септември,октомври. Тогаш треба да започнеме да ја работиме следата летна сезона бидејќи пазарот во Европа се нормализираше ова лето, па се надеваме дека нашите странски партнери ќе имаат потреба од нови колекции„- изјави Кирил Нашков, претставник на штипскиот текстилен сектор во Текстилен кластер.

Со шиење на зимските колекции работниците ќе завршат многу порани. Голем дел од компаниите без работа ќе останат во август и септември. Потребни се реални мерки за премостување на периодот. Наместо безкаматни кредити и набавка на опрема  како што најави владата, потребно е да се размислува  во друга односно стопанствениците да се ослободат од даноци и придонеси, посочуваат од Организацијата на работодавачи. И за Нашков ваквите владини најави за мерки нема да го дадат посакуваниот ефект…  

   „Во ваква ситуација многу е важно фирмата да има стабилен партнер за да се движи во тој правец, да инвестира во нова опрема. Во овој период гледаме дека тоа е голем проблем, да се најде партнер. Мислам дека таа мерка нема да има никаков ефект„ –изјави Нашков

Засега нема точна бројка колкав е бројот на работници кои поради пандемијата останаа без работа. Се претпоставува дека за 30% текстилните компании во Штип останаа без работна рака. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста