Текстилната индустрија нема да опстои без поддршка од државата

Конкретни мерки како исплата на трошоци за вработените кои  во време на пандемија седат дома, да се на товар на државата, а работното време да се преполови, бара бизнис секторот.  Велат дека со имплементирање на  мерки по терк на европските земји, ќе се ублажи ударот од корона вирусот, кој ја колабира македонската економија.  .

  • И  во случај ако фирмата има потешкотии во снабдувањето со работа , наместо да ги отпушти работниците да им се скрати рботно време на четири часа , а остатокот од другите  четири часа да ги плати државата. На тој начин наместо да имаме невработени луге и социјални случаи, со воведување на оваа мерка  работниците ќе  ги здржат својте работни места„- изјави Димитров

Намалувањето на бројот на порачки и укинувањето на  претходните мерки не влеваат оптимизам во оваа гранка.  Во октомври се очекуваат  потешки сценарија, а до крајот на година и преполовување на вработените во текстилниот сектор

Дел од фирмите кои зедоа помош од државата за исплата на плати , но тие  не  заврши кај  работниците , се охрабрија на таква игра бидејќи и уредбата за исплата на помошта не беше прецизна, сметаат од Организацијата на работодавачи.

  • Никаде нема стриктно член,одредба со која се вели дека работодавачот мора да исплати плата. Работодавачот вели, мора да поднесе барање, да ги одбележи работниците и потоа има казни за оние кои ги намалиле работниците. НИкаде нема казна за тие што не ја исплатиле платата„ –изјави Димитров

Најголем удар од корона вирусот претрпе токму оваа гранка. Поради непочитување на мерките и од газдите и од работниците речиси 80% од заболените во Штип се текстилни работници и нивни контакти. Од почетокот на пандемијата oколу дваесетина  конфекции беа принудени на одреден период  да го стопират производствениот процес. Затварање на погони и хали имаше и во околните градови Свети Николе и Пробиштип..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста