Текстилците пред колапс, државата со „козметички мерки“ нема да им ги реши проблемите

Текстилот пред колапс откако ги загуби европските пазари. Предупредуват дека државата само козметички го решава проблемот со носењето на мерки. Бараат ефикасно и  долгорочно решение за излез од кризата во која се наогаат. Велат целата оваа помош е  само за да го премостат периодот  се до завршувањето на  пандемијата.

   „Сите тие мерки се нешто што или треба да трае до крајот на пандемијата без изклучок . Или да бидат во континуитет или да се откажат .најголемиот проблем кај текстилните компании е што немаат работа. Доколку тоа не се свати така и се мисли да се оди само на месечно ниво , во тој случај, како што и сега се случува секојдневно ќе се затвараат компании„-изјави Маријана Перковска, претседател на ТК

Пролонгирањето на локдаунот на Германија дополнително ја продлабочи кризата во текстилниот сектор . Еден дел од компаниите останаа без нови налози, а други одвај  преживуваат. Во изминатиот период  недостаток  од работа се компензираше со шиење на маски и скафандари, но со новите измени дека платнините маски се штетни ќе останаме и без ова, објаснува Перковска. .

    „Факт е дека со затварањето на моловите, продавниците , со локдаунот  автоматски побарувачката за нашите производи ќе биде намалена или откажана „ – изјави Маријана Перковска

Дополнителен проблем за македонските текстилци е тоа што голем дел од нивните германски партнери , поради евтината работна рака, своите нарачки ги пренасочија во Албанија. Засега нема прецизна статистика колку компании и работници поради корона кризата останаа без работа..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста