Тексителен кластер: Како ќе живееме без струја?

Енергетската криза дополнително на колена ќе ја клекне текстилната индустрија. Текстилниот кластер,од државата бара на маса да се постави план Б со кој ќе се понуди решение  што ќе се прави доколку  се почне со рестрикции на струја. Алармираат Владата во најбрзо време да понуди стратегија, во која ќе се најдат одговори на многу прашања . На вчерашниот состанок Управниот одбор донел одлука со која бараат надлежните и стопанствениците да седнат и заедно да разгледат какви чекори ќе бидат преземени во иднина.

  „Кој ќе го плати надоместокот на работниците ако не се работи? Дали и понатаму ќе се почитува законот сабота и недела да не бидат работни или деновите кога ќе има недостаток од струја ќе можат да се одработат други денови затоа што ние сме извозно орјентирани и имаме рокови коишто мораме да ги почитуваме. Имаше некакви најави дека нема да било цел ден, туку два часа. Замислете во една фабрика два часа да немате струјаи сите вработени да не работат. Тоа е неизводлилво„-изјави Маријана Перковска, претседател на Текстилниот кластер.

Најавите за покачување на струјата е причина за голем дел од стопанствениците од Југоистокот ги раскинат договорите со приватните добавувачи. Нивните пресметки покажуваат дека наместо 4, сега ќе плаќаат по 11денари за киловат. Вчера од Дојран тие побараа да се изнајде начин со кој државата би помогнала во делот на субвенционирање на електрична енергија.

Итно Владата треба да интервенира во делот на субвенции за електрична енергија. Ако како пример ја земам мојата фабрика –досега плаќав од 3000-4000евра месечно за струја, сега тоа треба да се множи по 150%и ќе излезе околу 10.000евра само за струја„-изјави Тони Пандев, стопанствениk.

Од Текстилниот кластер се категорични дека во моментот кога индустријата поради ковид кризата се уште е на стаклени нозе покачувањето на платите ќе биде погубно. Треба добро да се размисли какви последици ќе предизвикат овие најави, посебно кај компаниите кои едвај успеваат да обезбедат пари за плати. 

Александра Ристевска

Advertisements