Техничкиот премиер без коментар: На Спасовски не му се слушаат бомбите што го компромитираат Заев

„Бомбите“ за власта не стигнале до ушите на техничкиот премиер. Оливер Спасовски тврди дека не го слушнал разговорот објавен на „Јутјуб“ каналот „Лепливи раце“, во кој се јавуваат сомнежи за поткуп и нелегално финансирање на кампањата  за референдумот за промена на уставното име на Македонија.

-Јас не сум слушнал што имаат директно. (ПРАШАЊЕ: Дали ја слушнавте оваа бомба?) Не, изјави Спасовски.

За разлика од бомбата во кој главна тема на разговор се имињата на екс премиерот Заев и неговиот прв соработник, владиниот ген сек Драги Рашковски, Спасовски имал време да ги слушне бомбите за опозицијата, па реши и кратко да прокоментира за нив.

-Секој ден слушам за некакви бомби за осудени од СЈО, кои што финансирааат и денеска во кампањите. Нема дилема, секоја состојба која има било какви индиции, има институции, има Обвинителство, нека покренат постапки. Секојдневно имаме докази, и денеска баш слушнав некои од тие бомби за финансирање на кампања на опозициони политички партии, изјави Заев.

За разлика од неговиот наследник, Заев го слушнал разговорот меѓу Зоки Кичеец и Миодраг Дака Давидовиќ, но не сакаше прецизно да го коментира, па запрашан за оваа бомба, реши да се пофали дека работел чесно.

-Се обидуваат со разговори помеѓу трети лица да го инволвираат Заев. Заев работел чесно и поштено и покажал комплетна посветеност за својот народ и својата земја. Уште еднаш ќе испратам порака до сите дека сето ова што го правеше е конкретно и видливо, а сето она што го зборува опозицијата е „бла-бла“ и ништо повеќе, изјави Заев.

Се поставува прашањето зошто Заев сака да сокрие дека имал средба со контроверзниот црногорски бизнисмен, како што се тврди во аудио разговорот кој отвора голема дилема. За што Миодраг Дака Давидовиќ, под рака дал мито од 300.000 евра и 2.000 квадратни метри, како што вели атрактивно земјиште во Центар. Давидовиќ во разговорот вели и дека не сака повеќе да се сретне со премиерот, и да дава пари за референдумот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста