Техничка Влада со нов министер за внатрешни работи, кој ќе биде првиот полицаец?

Кој ќе бидат адутите на партиите за врвот на МВР, позиции кои се клучни за изборниот циклус. Откако во 2016 година падна договорот за пржинската влада, мандатот за прв човек во полицијата за време на изборен циклус го добива најголемата опозициски партија. Законот налага, актуелниот министер да стане заменски на новиот, ако се потврдат информациите дека Спасовски ќе седне на столчето на Заев, тогаш СДСМ ќе треба да каже предлог и за МВР.

Министерот за полиција во техничката влада кој ќе биде кадар на ВМРО ДПМНЕ, ќе има право да смени 15 началнички позиции во министерството. Неофицијално најверојатно рокадата ќе биде во секторите за внатрешни работи, како и некои сектори во Одделот за сузбивање организиран криминал. Актуелните началници ќе станат заменски на новоименуваните, а одлуките ќе ги носат заедно. Доколку едниот началник или раководител не го потпише актот или документот, тогаш тој нема правно дејство.

Министерот за внатрешни во техничката влада ќе има право да направи и хоризонтални поместувања и тоа 10 проценти од распоредувањата кои биле направени последниве две години.

Законот за техничка влада предвидува министерот да има и свој кабинет, како и негов тим. Неговиот мандат истекува на денот кога ДИК официјално ќе ги прогласи победниците. Во периодот додека да се формира новата влада, челната функција во полицијата ќе ја врши актуелниот заменик министер во МВР.

Катерина Гетева