Течат роковите за состав на новата влада, според Мицкоски ќе биде пред законскиот краен рок

Течат роковите за состав на новата влада, според Мицкоски ќе биде пред законскиот краен рок

Без да се откриваат имиња, но со веќе позната поделба на ресори, течат законските рокови за формирање на новиот владин кабинет, кој се поизвесно Македонија ќе го добие пред 26 јуни. Кружат информации на бројни истакнати функционери кои би можеле да добијат министеска позиција, но до сега ниту едно не е потврдено од коалиците кои ќе бидат дел од новата Влада.

Откако мандатарот Христијан Мицкоски во четвртокот го доби овластувањето од претседателката Гордана Силјановска Давкова, полека се приближува рокот за формирање на новата Влада.

Во калкулациите за тоа кога ќе биде закажана седницата, клучна улога ќе играат двата верски празника, Курбан Бајрам кој е на 16 јуни и Задушница на 21 јуни. Според најавите на Мицкоски, на денот кога го доби мандатот, дека набргу од тогаш ќе била составена реформската Влада, не се исклучува можноста седницата да се закаже таа седмица помеѓу 16 и 21 јуни.

Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. Со шест од нив ќе раководи кадар од коалицијата „Вреди“, додека две одат во рацете на Движењето ЗНАМ.

Мицкоски во повеќе наврати кажа и вети дека идната Влада, која ја нарече реформска, ќе има за цел да ги движи процесите напред, Македонија да се развива а не да тоне во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, граѓаните во Македонија да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред, односно сите да бидат еднакви.

Клучно, пред и официјално да заврши составувањето на кабинетот, беше да се донесе законот за реорганизација на работата на министерствата, односно да се формираат две нови министерства и да се направи прераспределба на некои сектори од една во друга институција. Оваа реорганизација беше изгласана со 88 гласа „за“, во петокот, доцна во ноќта.

ВМРО- ДПМНЕ за формирање на владата веднаш по изборите започна разговори со коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е позната, а имиња се уште не се соопштуваат официјално.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста