Тажна слика на отворањето на охридско лето

Ковид-19 го помати сјајот на 60-тото издание на ,,Охридско лето.” Без грандиозен почеток, јубилејот на најпрестижната музичко сценска манифестрација кај нас, за прв пат во историјата, започна надвор од стандардниот термин на 12 јули. Традиционална беше само сцената на Античкиот театар, на кој имаше далеку помал број поклоници на уметноста од дозволените 400-ни, поради ограничувањата предвидени со строгите здравствени протоколи за заштита од корона вирусот.

Прoграмата која била во неколку наврати менувана, беше промовирана 5 дена пред почетокот на фестивалот, што предивика реакции во јавноста.

Да се организира „Охридско лето“ во услови на ковид-19 не е воопшто лесно, но е апсолутно неопходно-рече покровителот на фестивалот, претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Во изминативе месеци, многумина со загриженост прашуваа како ќе изгледаат уметноста и културата во светот во кој вирусот, ковид-19 е доминантен? Историјата сведочи дека во кризни времиња културата не умира, напротив, раѓа поинакви формати за понатамошно опстојување, рече Пендаровски.

Во екот на сезоната покрај “Охридско лето” беа закажни многу други концерти и манифестации,чие одржување беше спречено, иако требаше да се одржат на отворени простори каде публиката треба да стои.

– До сега ги спречивме и во иднина ќе настојуваме тие да не се одржат, од причина што кога публиката стои е многу голема веројатноста да не се држи дистанца.И дефакто на лице место да излезете, ќе видите дека не може да се држи дистанца, рече Цветко Ристески, раководител на пазарен инспекторат Охрид.

Денеска се откажаа концертите најавени за 7-ми и 8-ми авуст на стадионот Билјани извори, бидејќи организаторите не гарантирале дека во целост ќе можат да се придржуваат и да ги испочитиваат пропишните протоколи.

– Истото се однесува и на просторот во поранешната касарна, во моментов немаме издадено дозвола за одржување на концертите на оваа локација иако менаџерските куќи ги промовираат настаните и термините за одржување, рече Константин Георгиески, градоначалник на Охрид.

Дозвола за одржување нема,но сепак, за концертите кои треба да се одржат во касарната,се уште се продаваат карти.Секој со маката-организаторите на “Охридко лето” кои синоќа во целост се придржуваа до протоколите – присутните беа одалечени едни од други на растојание од 2 метра, а на влезот им беше мерена температура, имаат уште една главоболка.

Целокупната програма предвидено е да се реализира на отворените сцени, но во услови на вржливи време ќе треба настапите да се оджат на затворено, што ќе претставува дополнителен проблем кога станува збор за почитувањето на протоколите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста