Таткото на претепаното 10 годишно дете од Кочани, со оружје во рацете порача дека ќе се освети

Полицијата трага по лицето кое во видео порака упатува смртни закани по живот кон лицата кои пред три дена  натепаа десетгодишното дете во Кочани, кое во време на полициски час беше фатено во туѓ двор. Мажот кој е биолошки родител на детето мавта со пиштол и нож барајќи  одмазди за насиството врз неговото дете. Откако ќе биде пронајден ќе му биде поднесена кривилчна пријава.

36 годишниот А.И. по преземени оперативни мерки од страна на полицијата  утврдено е дека не се наоѓа на територијата на државата и се работи на негово обезбедување„-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Тепаното детето повторно е вратено во згрижувачкото семејство каде што живее одреден период.  Откако згрижувачите виделе дека го нема веднаш пријабиле во Центарот за социјални работи во Скопје, по што е лоцирано кај биолошките родители во Кочани. По извршениот медицински преглед констатирани се мали видливи повреди по телото. До крајот на неделата психолог ќе треба да ја утврди неговата психичка состојба. По комплетирање на целата документација, ќе биде поднесена и приватна тужба, вели за Алфа, адвокатот на малолетникот.

Откако на социјалните мрежи се објави видео во кое се гледа како неколку мажи малтретираат малолетник, за кој тврдат дека го фатиле како краде,во  кочанската полиција на информативен разговор повикани се дваесетина лица, а деветмина од нив  се идентикфикувани. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „насилство врз дете„..

  „Во полициската станица во Кочани приведени се три лица и извршен е службен разговор со дваесет лица. Се работи на целосно комлпетирање и документирање на кривично правните настани при што ќе биде поднесена соодветна пријава„- изјави Панајотова. 

Тензијата во кочанската населба Трајаново Трло трае речиси два месеци. Ситуацијата ескалираше пред три дена откако  жителите го фатија малолетникот, за кој тврдат дека бил со намера да краде. Најверојатно некој бил со него и успеал да алармира при што групата мажи,  со хебли, секири и стапови  била нападната од друга група. Тројца беа повредени, а се шпекулираше дека таа вечер имало и пукотници. Мештаните на оваа населба неколку пати излегоа на протести барајќи засилени полициски контроли.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста