Тасева за Алфа: Има сериозни индиции за криминал во „Еуростандард“, мора детално да се истражи случајот

Собраниската расправа за стечајот на „Еуростандард“ банка само ги потврди сомнежите дека милионскиот стечај не бил само економска причини, туку и на целиот скандал му шурувала и политиката. Ова станува се појасно не само по сведочењето на сопственикот на банката, Трифуин Костовски, туку и објавана на обвинителот Љубимир Јовески дека се отворени две истраги за овој случај. Истакна дека ќе бидат истражени сите лица за кои доказите и фактите ќе покажат дека се вмешани во стечајот на банката.

Контроверзниот случај доби нови димензии по објавените информации од пратеникот од опозицијата Антонио Милошовски обвини дека струмички фирми блиски до власта, но и на семејството Заеви, профитирале од неплаќање на кредитите, а со тоа се влијаело на намалување на капиталот на банката. Од власта пак рекоа дека и опозицијата била вмешата во случајот.

По скандалот со стечајот на банката, експертите се загрижени. Реагираат дека е повеќе од јасно за сериозни индиции за сторен криминал. Велат дека мора итно детално да се истражи целиот случај.

  • Она што го раскажува Костовски, може изгледа како фикција таква, можеби не стварна приказна, но ние имам исти такви дејствија во други случаи, како што е случајот „Кубус“, со исти такви дејствија со извлекување пари од банките. Имаме јасни разработени постапки од страна на МВР и Управа за финснсиско разузнавање кои икажуваат дека се извлекувани пари од банките за да се слеваат на сметки на имоти на приватни лица. И ова мора да се раздвои и од личностите и од политиката. Мора сериозно да се преиспита целиот случај и да се види работењето на банкарскиот сектор, вели за Алфа, Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл.

Претходно, сопственикот на банката Трифун Костовски пак обвини дека се работело за организиран криминал кој траел со години.

  • Се работи за големи пари и за голем криминал. Парите, како и полжавот, имаат трага. Со стечајот, парите се обидуваат да се скријат. Ако сакате сите заедно да учествувате во тој криминал, повелете. Како членови на Управниот одбор бевме излажани затоа што на чело имавме човек што ни кафе не пие, што го сметавме без ниту една дамка, но тоа не било така, изјави Костовски.

Претходно гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, која конкретно не одговори на дел од прашањата, рече дека одземањето на дозволата за работа на една банка е најтешката одлука на секоја централна банка и дека пред да се донесе одлука, биле исцрпени сите механизми.

Инаку, дозволата за работа на банката беше одземена во август годинава поради неконтролираното преземање ризик, а кредитирање и големото издвојување на резервации за кредити кои не се враќале на време.

Оштетените штедачи уште еднаш излегоа на протест пред Собранието, и бараа да им бидат вратени парите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста