Таравари – Села 1:0

Таравари – Села 1:0

Арбен Таравари се повикува на поддршката од членството, а Зијден Села на процедурата. Се уште е нејасно дали Алијанса за Албанците ќе излезе неподелена од пожарот кој им го распламти ДУИ.

Мнозинството од Централното собрание даде писмена поддршка за Таравари, а таборот на Села не ги признава одлуките, меѓу кои и партијата да во коалиција со обединетата албанска опозиција.

Таборот на Таравари обвинува дека Артан Груби сака да им направи пуч во партијата. Актиелниот лидер и неговите поддржувачи нема да се појават на состанокот кој за утре го закажа Зијадин Села.

  • Нема што да оди утре Таравари, се појави вчера и се виде дека има апсолутна поддршка. Тие не почекаа, еве да речеме хипотетички, утре да одиме ние. Ние ќе одевме утре со тие 86 делегати ќе покажевме дека Травари ја има поддршката. Тие знаеја дека тоа е така, дека Таравари ја има апсолутната поддршка од членовите на Централното собрание, дека има апсолутна поддршка на Централното претседателство, и затоа тие направија пунџ по палка на Артан Груби за ние да не одиме таму. Тоа е фарса. Нека го повикаат и претседателот на таа група Артан Груби не знам што да им речам“ рече Халил Снопче – пратеник.

Крилото на Села, пак, тврди дека Таравари лаже оти синоќа собрал 75 делегати кои се потребни за партиското тело да носи легитимни одлуки.

  • „Тој собир не беше легитимен, а врз основа на нашите податоци таму имаше помалку од 40 членови. Тој настан не беше Собрание оти се знае, врз основа на Статутот тоа може да го свика само претседателот на Собранието. Легалното Собрание ќе биде во сабота во Скопје, во 13 часот. Тоа се легални и процедурални врз основа на статутот“, кажа Аднан Незири-пратеник.

На синоќешниот состанок во Куманово делегатите кои ги собра Арбен Таравари донесоа одлука на престојните избори Алијанса за Албанците да коалицира со Европскиот сојуз за промени. „Промените почнаа и некој не може да ги запре, по 20 години злото ДУИ ќе оди во опозиција“ порача Таравари.

Расколот во Алијанса се наѕираше уште кога Таравари најави дека сака да ја напушти владата на Ковачевски и Ахмети, но сепак тоа не го направи, се чини под притисок на Села и неговото влијание во партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста