Таравари најде лек за хаосот со паркингот во Клиничкиот центар

Таравари најде лек за хаосот со паркингот во Клиничкиот центар

Крај на хаосот со паркинг просторот во Клиничкиот центар. Министерот за здравство го најде лекот за овој проблем. Таравари метежот,нервозите и расправиите кај пацинетите и вработените во најголемот здравствен комплекс во Македонија ќе ги решава со две монтажни катни гаражи и со јавно приватно партнерство.

Со јавно приватно партнерство е предвидено да се изградат две катни гаражи и за тоа е изработена физибилити студија. Целта е да се обезбедат тројно повеќе места за паркирањевелат од Министерството за здравсто.

Преполнетоста на паркингот на клинички е децениски проблем кој го отежнува нормалното движење низ клиниките како на граѓаните кои имаа термин, така и на хоспитализираните пациенти, кои од една до друга клинка едвај стигнуваат поради автомобилите кои се паркирани кој како се снашол на пешачката зона и на тротоарите.

Да се најде слободно паркинг место во комапусот клиники е вистинска среќа. Некои од граѓаните кружат и по еден час додека да паркираат, истовремено бразајќи да стигнат на врее на закажаниот термин кај доктор.

Но,вртењето кругови и барање паркинг место не е единствениот проблем. И излегувањето од скопските клиники е дополнителен хаос за граѓаните и пациентите.

Паркингот располага со вкупно 1.000 паркинг места, а само во еден ден влегуваат околу 5.000 возила, вклучувајќи ги и возилата на вработените во центарот.

Дали хаосот конечно ќе се реши ? Ветување имаше и порано, но без реалзација.

Старата зграда на Гинекологија беше урната во времето на ексминистерот за здравство Никола Тодоров, со цел, според тогашните идеи, на тоа место да се направи катна гаража. Владата на Заев се откажа од овој проект, па ги промени намерите, а министерот Филипче изградбата на монтажната катна гаража ја најави уште во 2018 година. Тој тогаш рече дека за кусо време ќесе реши проблемот, но се остана само на ветување. Овој план, за разлика од другите, се уште стои, ама само на хартија.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )