Таравари меѓу два огна – Села влече кон ДУИ, членство не сака: како ќе кулминира расколот во Алијанса?

Таравари меѓу два огна – Села влече кон ДУИ, членство не сака: како ќе кулминира расколот во Алијанса?

Одлучува ли Алијанса за Албанците за политичката судбина на ДУИ за идните избори? Ослабената моќ на интегративиците, но и зголементата популарност на Европскиот сојуз за промени, прават тектонски поместувања во албанскиот блок на македонската политчка сцена. Кој со кого ќе коалцира? Понуди, превивања, тајни и јавни состаноци, но и задкулисни игри за разор во партиите.

Се чини сега на тапет е партијата на Таравари. Неодлучноста на првиот човек на Алијанса ја разжести динамиката на работа во партиските штабови.

Се поверојатно е дека Таравари се тргнува настрана од ДУИ, но сега на сцена и јавно се појави поранешниот лидер на Алијанса, Зијадин Села кој прави состаноци во партијата, а на нив актуелниот лидер не е присутен. Јасно е дека Села и неговите приврзаници конците ги влечат кон Ахмети – прашање е како ќе пресече Таравари, дали ќе се послуша себе или пак ќе потпадне под притисокот на Села.

За вчера беше најавена средба меѓу актуелниот и поранешниот претседател на Алијанса, дали се одржала и што се зборувало на неа одговор сеуште нема. Алфа се обиде да добие одговори, но од партијата засега молк.

Средбата Таравари-Села им претходи на последните случувања во партијата, поточно на вечерна средба пред два дена на Села со шефовите на партиските ограноци. Гласините се дека ова било обид да се покаже дека претседателите на ограноците на фотографијата се на страна на Зијадин Села. Дали е ова обид на Села да го врати раководството на партијата? Села демантира! Вели дека не се откажал за да се врати како претседател, но имал одговорност да ја задржи партијата на нејзината идеолошка линија.

Претходно Села изјави и дека не знаел и не бил информиран за средбата на Таравари, Меџити, Гаши и Касами со косовскиот премиер Курти.

На четворицата лидери на партиите, според соопштението на кабинетот на косовскиот премиер, им било предложено кандидатот за  претседател на Македонија да биде од редовите на албанската заедница, кој „ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Македонија“.

Неофицијално , Курти им предложил на присутните, да го исклучат ДУИ, односно Таравари и Касами да се договорат едниот да биде претседателски кандидат, а другиот носител на Шестата изборна единица.

По оваа средба Касами и јавно кажа дека Таравари би бил добар заеднички кандидат на нивниот блок, но тој возврати дека не бил заинтересиран. Се поставува прашањето зошто барем според шпекулациите, сака да оди со Европскиот сојзу за промени, а од друга страна неодредено ги одбива? Дали можеби ДУИ имаат во ракав нешто за Таравари, како на пример информации за како тој се стекнал со куќа од 260 м2 на атрактивна локација во Скопје за само 576 евра за квадрат или пак во прашање е нешто друго, засега не се знае.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста