Oштетените штедачи во Еуростандард:Уставните судии да одлучуваат само по Уставот и законите

Уставниот суд да донесе одлука во духот на владеењето на правото и здравата логика – побараа од здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка. Над 700 луѓе и 2 илјади фирми не добија целосно обесштетување по пропаста на банката, па поднесоа иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на член од Законот за банки. Одлуката треба да се донесе веќе в среда. Штедачите се незадоволни што Фондот за осигурување на депозити има првенство или според нив, монопол во наплатата на побарувањата. Сметаат дека на овој начин штедачите со штедни влогови поголеми од 30 илајди евра се ставени во нерамноправна положба.

Ниту една од 2 илјади фирми депоненти на банката не добила ниту денар – алармираат од Здружението. Велат – Македонија е единствена ддржава во Европа каде што компаниите воопшто не се обесштетуваат од Фондот за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Искуствата во регионот и Европа биле поинакви.

Свое обраќање до јавноста утре, на само еден ден пред Уставниот суд да донесе одлука. ќе има и мнозинскиот акционер во Еуростандард банка Трифун Костовски. Истрагата за криминал во случајот Еуростандард банка се уште трае. Директорот на Управата за финансиска полиција  не открива премногу детали за случајот, неодамна само истакна дека се гледа крајот на тунелот, односно дека институциите биле на добар пат да го решат случајот. На обвинувањата дека се дозволил повеќегодишен грабеж и криминал во Еуростандард, од Народната банка во повеќе наврати се правдаа дека направиле се што можеле и дека се било според законите. Опозицијата обвини дека се давале сомнителни кредити без покритие на многу струмички фирми блиски до премиерот. Еуростандард стави клуч на врата на изненадување на многумина на 12 август минатата година.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста