Тандемот Николовски- Мерко ќе се бори против корупцијата

Откако Преспа,сеуште под импресии, 36 часа по средбата со струшкиот градоначалник, Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Николовски на социјалната мрежа фејбук обзнани дека со Рамиз Мерко ќе го спроведувал планот за борба против корупцијата кој се однесувал и на локалните самоуправи.Ова предзика лавина реакции на социјалните мрежи.

“Ако сериозно мислите дека имаме мерорија од ден и пол, дека чавка ни го испила паметот и дека се’ што ќе смислите може да Ви помине?! Вакво потценување на народот,немало до сега. Нели ти е страм вакви објави да пишуваш? Настрана политика,човекот со години отворени Ви кажува дека не Ве регистрира,јаде 30.000 евра народни пари по кафеани,си купува коли од 100.000 евра, а ти за корупција и планови зборуваш! Не можам да прифатам дека дотолку си без кичма ! Ние имаме самоуништувачки менталитет.Ех  Љупчо, јунаку на нашето време имаш ли малку достоинство и храброст, Мерко и компанија се држава во држава”

Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи – наместо струшкиот градоначалник да одговори каде сред пандемија се гоштевал и кога потрошил 27.500 евра во една година, а близу 78.000 евра во период од 2018-та до 2020-та,средбата со Вицепремиерот  потсетува на онаа народната :”отишол овчарот кај волкот и му рекол,немој да ми ги јадеш овците,а волкот му ветил дека нема’’-и ова е коментар извлечен од статусот на Николоски, каде граѓаните покрај трошењето на народните пари, ги интересира и друго.

”Веројатно сте зборувале и колку функционерски дивоградби ќе легализирате? А за палењето на трските разговаравте ли? За сотреното со дивоградби крајбрежје? Тоа нели е корупцијаЉупчо? За дивите депонии и ѓубрето, разговаравте ли,а за дипломите на универзитетот ?”

Можност да ги постават овие прашања не добија ниту новинарите, бидејќи не беа информирани за средбата меѓу Мерко и Николовски.Од Општината се правдаат ,не стиганале да не известат, оти агендата ја добиле истиот ден. Ова не е прва средба со државен фунционери.Пред 2 месеци ја сокрија и средбата со првиот полицаец Спасоски. И тогаш граѓаните на социјалните мрежи прашуваат зошто министерот не проверил колку  домаќински ја води општината Мерко и како се придржува на препораките на Унеско? Мерко сите оние кои го критикуваат за неговиот јавашлук,тогаш  ги нарече кучиња кои лаат, по караванот што продолжува понатаму.И додека Вицепремиерот Николоски ја соопштуваше владината одлука за ограничено користење на угостителски услуги за функционери,на Мерко за 2021-ва на располагање му се 50.000 евра пари наменети за реперезентација.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста