Талески: Револтиран сум од македонската јавност која плука по нас

Филип Талески беше еден од играчите кои ја превзема одговорноста и во последните десет минути од мечот постигна четири погодоци, сите во клучни моменти.

Прашан дали е ова играта која сака да ја презентира во националниот тим, тој одговори:

„Секогаш сакам да бидам еден од носителите на репрезентацијата. Револтиран сум од македонската јавност која плука по нас, но тоа дополнително ме мотивира. Можам и умеам да играм ракомет и го докажувам тоа на теренот. Исто така им благодарам и на сите оние кои ме поддржуваат“.

Што се однесува до дуелот со Исланд, Талески коментира:

„Задоволни сме од овој натпревар и оваа победа. Примивме многу голови, но и дадовме многу. Во првите 10-15 минути игравме послабо во одбраната, но потоа во второ полувреме сменивме од 5-1 во 6-0, се договоривме повеќе да се концентрираме на средината и да бидеме трпеливи во напад. Тоа донесе и резулта“т.