Талат Џафери е избран за претседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 43 „против“ и ниту еден воздржан пратеникот Талат Џафери попладнево е избран за претседател на Собранието на Република Македонија. Џафери кој доби нов четиригодишен мандат како спикер на законодавниот дом веќе ја даде и свечената изјава со која стапи веднаш на функцијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против, по гласањето ја напуштија собраниската сала. И Левица, како што се изјаснија во дебатата, гласаа против предлогот, а пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, како што најавија, не присуствуваа на гласањето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста