Таксистите да носат заштитни маски, ракавици и да ги дезинфицираат возилата

Таксисти, од денеска, да возат со заштитни маски и ракавици, и секој ден, да ги дезинфицираат возилата. Град Скопје, ги известил сите такси превозници, дека треба да се придржуваат до овие препораки, заради заштита од коронавирусот. Известени се и сите приватни превозници на автобусите во јавниот превоз, да ги дезинфицираат возилата, пред да бидат пуштени во сообраќај, како што тоа се прави во автобусите на ЈСП „Скопје“. Инспектори на Град Скопје, ќе вршат контрола дали приватните автобуски превозници, и таксистите, се придржуваат кон препораките. Сите оние, кои нема да ги почитуваат правилата, ќе бидат исклучени од сообраќај. Согласно препораките на владата, од денеска е укинат бесплатниот автобуски превоз за пензионерите, студентите и учениците, а автобусите, возат со редуциран возен ред.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста