Таксист прегази три девојчиња

Пасат “прегази” три малолетни девојчиња во скопски Чаир. Повредените се 12 и 13 години и моментално се наоѓаат во клиничкиот центар Мајка Тереза. Несреќата се случила во 11 часот претпладнево, по што девојчињата со брза помош биле пренесени во болница.
Една од нив е со потешки телесни повреди , додека другите две со скршеници.

Денеска, околу 11.20 часот се примени три пациенти на возраст од 12 и 13 години. Една од повредените е хоспитализирана во оделот за анистезија, реанимација и интензивно лекување, додека другите две се однесени за лекувањео во Детската клиника. Трите пациенти во моментот се во стабилна состојба. Поради скршеници, две од нив најверојатно ќе бидат оперирани. Една е полесно повредена и во следните часови може да биде пуштена на домашно лекување – изјави директорот на Ургентниот центар, д-р Алберт Леши.

Според неофицијални информации станува збор за такси возило кое ги удрило девојчињата во близина на пешачкиот премин на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош откако тие се симнале од автобус и сакале да ја преминат улицата.
Од МВР потврдуваат дека возилото е со скопски регистерски таблички и дека возачот е во полициска станица.
Очевидци за Алфа велат дека сликата била страшна, а коловозот крвав. Граѓаните на Чаир се жалат дека на овој булевар се вози многу брзо и прстот го вперија кон државата која не доволно ги заштитувала.

Од здравствените институции алармираат дека се зголемува бројот на жртви од сообраќаен карактер заради брзото возење на возилата, но и заради малгата.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста