Тајфунот Кроса се приближува кон Јапонија, се евакуираат жителите (Видео)

Поради приближувањето на тајфунот Кроса, јапонските власти им порачаа на најмалку 570.000 жители на западните региони да ги напупштат домовите и да се преместат во евакуациски центри.

Ова особено се однесува на Хирошима, кон која се движи тајфунот.

Брзината на ветровите е околу 35 метри во секунда.

Во западниот дел се очекуваат врнежи до 800 литри на квадратен метар. Властите предупредија и на лизгање на земјиште. Откажани се 673 летови на внатрешни линии, отежнато е движење на возови и делумно се затворени автопатишта.