Тачи не оди на состанок во Тирана, бидејќи Србија не го признава Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска повторно истакна дека нема да учествува на средбата во Тирана, бидејќи Србија не ја признава независноста на Косово.

Тој на Фејсбук напиша дека „Србија не само што ги негира злосторствата, туку и понатаму го отфрла постоењето на косовската држава“.

– Во таква ситуација, поканите и инцијативите за регионална соработка целосно се бесмислени. Србија и БиХ не ја признаваат државата Косово, напиша Тачи.

Во Тирана денеска и утре се одржува трет состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, учесници на регионалната инцијатива позната како „мини Шенген“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста